Докторот на фудбалската репрезентација на Данска, раскажал што се случило во моментот кога Кристијан Ериксен колабираше на теренот, во 43.минута, на натпреварот против Финска.
Данска, со пораз од Финска (0:1), го започна настапот на ЕУРО 2020, но резултатот е во сенка на немилата сцена која се случи во финишот на првиот дел, кога Ериксен падна на тревата.
„Кога дојдовме до него тој дишеше. Проверивме, имаше пулс. Меѓутоа одеднаш, не можевме да го почувствуваме пулсот. Почнавме веднаш со интервенција за да го одржиме во живот. За среќа тој остана со нас“, рекол докторот на данската репрезентација.
Откако успешно го реанимираа на теренот, Ериксен во свесна состојба е префрлен во болница. Според последните информации неговата состојба е стабилна.