Без медал на Ф4 турнирот во Келн остана македонскиот ракометен капитен и селектор Кире Лазаров и неговиот Нант. Во борбата за бронзата француското дерби му припадна на шампионот, ПСЖ со резултат 30-26.
Лазаров на мечот без преголемо значење имаше учинок од 1 гол од 3 упатени удари.
Нант го диктираше темпото во првиот дел од полувремето, но избраниците на Раул Гонзалез со неколку погодоци стигнаа до +4 на полувреме,(13-17).
Нант беше тимот кој воглавно ја бркаше негативата во второто полувреме. Стигнаа до 24-24, но тоа беше крајниот дострел на тимот на Ентрериос.
Соле ја предводеше листата на стрелците кај ПСЖ со 5 гола, Ремили постигна 4, а по трипати прецизно стрелаа Кристопанс, Кунку, Шипжак и Нахи.
Кај поразениот тим Мине беше најпрецизен со 5 гола.
Големото финале на Ф4 турнирот во Келн меѓу Алборг и Барселона започнува во 18 часот.