Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе по вториот примен гол.
„Не можам да не бидам горд на овие момци, тие се тие што го донесоа ова ЕП. На моменти функциониравме денеска добро, на моменти имавме и посед, контрола на мечот, но кога се кршеше резултатот, клучна беше шансата на Николов за 1-2, а клучен беше и вториот гол на Арнаутовиќ. Нема зошто да се разочараме, имаме уште два меча, а треба да се подготвиме да не ги направиме грешките од овој меч. Жал ми е за таа шанса на Николов“ – рече Ангеловски.
Ангеловски упати благодарност за макнавивачи кои во голем број дојдоа во Букурешт.
„Морам да изразам благодарност до навивачите, немам зборови за атмосферата која на направија и многу жалам што не им возвративме со позитивен резултат, но се надевам дека веќе на следниот меч ќе ги израдуваме“ – рече Ангеловски.