Жирков го заврши настапот на ЕУРО 2020

Жирков го заврши настапот на ЕУРО 2020

пред 3 години

Еден од тројцата највозрасни учесници на ЕУРО 2020, Јури Жирков, го заврши своето учество на континенталниот шампионат.

Жирков (37), се повреди во првото коло против Белгија, теренот го напушти во 43.минута. Белгија, во Санкт Петербуг, убедливо ја порази Русија со 3:0.

„Се уште ја немаме точната дијагноза, но јас ќе кажам дека Јури Жирков нема да игра до крајот на шампионатот“, рекол рускиот селектор Станислав Черчешов.

Жирков, заедно со Горан Пандев и Мартин Стекеленбург е највозрасниот учесник на ЕП.

Русија, во второто коло во Б-групата, утре ќе игра против Финска.

Share
Scroll to Top