„Ферари“ ја претстави првата колекција од својот моден бренд

„Ферари“ ја претстави првата колекција од својот моден бренд

пред 3 години

„Ферари“ ја проширува својата дејност надвор од автомобилската индустрија и почна да инвестира во модата. Брендот ја претстави својата прва модна колекција, изработена од креативниот директор на модниот бренд, бившиот дизајнер на „Армани“, Роко Јаноне.

„Сакаме да привлечеме млади мажи и жени. Нашата целна група не се само оние кои ги купуваат колите ‘ферари‘, туку сите кои се свесни за брендот и неговите вредности“, изјави Јаноне.

Тој ја опиша колекцијата како флуидна, при што 80% од моделите се унисекс, но и луксузна, бидејќи цените се движат од 200 евра за кошула до 3.000 за капут. Понудата наскоро дополнително ќе биде проширена со модни додатоци.

Share
Scroll to Top