Три лица од Скопје се приведени откако при извршен претрес во возилото во кое се превезувале, полицијата пронашла дрога и украдени предмети.
Според МВР, вчера во 19.45 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Д.(33), С.Н.(29) и И.Н.(26), сите од Скопје.
При преглед во возилото во кое се превезувале била пронајдена прашкаста материја и предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави според Кривичниот законик, известува Министерството за внатрешни работи.