Македонските репрезенти во Конференциската лига на УЕФА, попладнево ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат доколку ја минаат првата рунда.
Силекс, доколку го мине Петроклуб од Молдавија, во второто коло ќе игра против Сиваспор од Турција.
Шкупи, во првата ќе игра против Лапи од Косово, ако помине во второто коло ќе игра против португалскиот тим Санта Клара.
Струга во второто коло ја очекува диел со ЦСКА Софија, но претходно ќе мора да го елиминира летонскиот клуб Лиелаја.