(Видео) Неколку навивачи се повредени откако параглајдерист се спуштил на теренот пред мечот Франција и Германија

(Видео) Неколку навивачи се повредени откако параглајдерист се спуштил на теренот пред мечот Франција и Германија

пред 5 години

Неколку лица се повредени откако параглајдерист слетал на теренот во Минхен, пред почетокот на натпреварот на Европското првенство меѓу Франција и Германија, објавија од УЕФА.

Активист на „Гринпис“, додека слетувал ги закачил жиците од камерата поврзана со покривот на стадионот, по што изгубил контрола и непријатно се приземјил на тревникот. Малку фалело остатоците кои паѓале на теренот, да го погодат францускиот селектор Дидије Дешамп.

„Ова беше невнимателен и опасен чин и властите ќе ги преземат сите неопходни мерки. Овој неодговорен чин предизвика повреди кај неколкумина гледачи, кои завршија во болница“, соопшти УЕФА.

И параглајдеристот, на чиј падобран пишуваше „Исфрлете ја нафтата!“ и „Гринпис“, прими лекарска помош пред да биде изнесен од теренот. „Гринпис“ подоцна објави дека донирал пари за една хуманитарна организација од Базел.

„Ова беше неприфатливо од секоја гледна точка. Полицијата го истражува инцидентот, кој можеше да заврши многу полошо“, изјави портпаролот на Германската фудбалска федерација.

Share
Scroll to Top