Буфон - Reporter.mk

Буфон – Reporter.mk

пред 4 години

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон направи трансфер и од тимот на Јувентус се врати во неговиот матичен клуб Парма, каде во 1995 година, на своја 17 годишна возраст, го играше својот прв натпревар како голман.

„’Супермен’ се врати, потврди попладнево Парма на својот Твитер профил, објавувајќи, притоа, кратка видеопорака со зборовите на Буфон: „Се вратив“.

Буфон е рекордер според бројот на одиграни натпревари во Серија А (657), почнувајќи од својот прв натпревар како голман на Парма во 1995, на 17- годишна возраст, Буфон досега само еднаш играше во втората лига, во сезоната 2006/07 кога Јувентус беше казнет во рамки на скандалот „калчополи“.

Буфон во мај објави дека дефинитивно заминува од Јувентус, клубот со кој освои десет шампионски титули, пет национални купови и шест трофеи во Суперкупот.

Единствениот клупски трофеј што недостасува во кариерата на Буфон е Лигата на шампиони, претрпувајќи со Јувентус три порази во финалињата во 2003, 2015 и 2017.

Италијанските медиуми објавија дека Буфон се согласил да остане во Парма во следните две години, со гаранции дека ќе биде во првиот тим и ќе ја носи капитенската лента.