Дерби на денот – Битката за Британија, Хрватска мора да ја победи Чешка

Дерби на денот – Битката за Британија, Хрватска мора да ја победи Чешка

пред 3 години

Денес на програмата на Европското првенство ќе се одиграат три натпревар. Во, Д-групата ќе биде комплетирано второто коло и ќе се одигра еден натпревар во Е-групата.

Програмата ќе биде отворена во 15 часот, со натпреварот од Е-групата, помеѓу Шведска и Словачка. На стартот, Словација ја изненадија Полска (2:1), а Шевѓаните ја сочуваа мрежата во дуелот со Шпанија (0:0). Словачка со бод ќе избори пласман во осмина-финалето.

Традицијата е на страната на Шведска, во меѓусебните пет дуели, имаат две победи, без пораз против Словачка.

Термините од 18 и 21 часот се резрвирани за дуелите од Д-групата.

Хрватска мора да ја победи Чешка, иако и со еден бод ќе има реални шанси за осмина-финалето. На Чесите еден бод ќе им обезбеди место во нокаут-рундата.

Хрватите одигра блед натпревар во поразот од Англија (1:0), додека Чесите блеска на стартот и со головите на патрик Шик ја победија Шкотска со 2:0.

Чесите знаат како да останат непоразени против Хрватска, но не знаат како да го победат овој противник. Во досегашните три дуели, Чешка и Хрватска два пати одиграле нерешено.

Денот ќе биде затворен со Британското дерби, на „Вембли“, Англија ќе ја пречека Шкотска.

Овие две селекции досега одиграле 32 натпревари на „Вембли“. Англичаните водат со 18:9. Последен пат играле пред 25 години, на ЕУРО 1996, кога Пол Гаскоњ постигна гол за победа на Англија.
Интересно, на последните 15 натпревари помеѓу Англија и Шкотска, секогаш имало победник. Англичаните добиле 11, а Шктите четири натпревари.

Share
Scroll to Top