(Видео) Со зурли и тапани се ожени шеф Марк од „Брза кујна“

(Видео) Со зурли и тапани се ожени шеф Марк од „Брза кујна“

пред 4 години

Популарниот белгиски готвач Марк де Јонг, познат и како шеф Марк од „Брза кујна“, викендов се ожени со неговата долгогодишна девојка Василка Димовска. Со зурли и тапани, и само во друштво на најблиските роднини и пријатели, тие направија свадба во винаријата „Камник“.

Невестата избра бел фустан со тантела, а популарниот готвач на свадбата носеше класичен костум со сина кошула.

На свадбата беа и синот и ќерката на шеф Марк, кои живеат во Белгија.

Share
Scroll to Top