Тестенини со сланина и босилек

Тестенини со сланина и босилек

пред 3 години

Потребни состојки:

400 гр тестенини
200 мл крем за готвење
сок од лимон
сол, бибер
3 лажици пармезан
босилек
2 чешниња лук
4 лажици маслиново масло
20 гр сушена сланина
200 гр исчистен грашок
1 лажичка сув зачин
магдонос

Начин на подготовка:

Исечете ја сланината на мали коцки. Подгответе ја смесата со босилек: изгмечете го лукот, додадете босилек, пармезан, маслиново масло и бибер, па сè добро измешајте. Сверете ги тестенините во солена врела вода. Во голем сад испржете ја сланината на малку масло, додадете грашок и сув зачин. Динстајте и долевајте вода додека не омекне грашокот, а потоа додадете малку сок од лимон. На грашокот подготвен на овој начин додадете ги сварените исцедени тестенини и мешавината со босилек. Промешајте сè и оставете го да динста, па додадете малку течност во која се готвеле тестенините, крем за готвење и сечкан магдонос.Тестенините послужете ги топли.

Share
Scroll to Top