Патрик Шик за малку ќе станел манекен

Патрик Шик за малку ќе станел манекен

пред 3 години

Првата ѕвезда на чешката репрезентација на ЕУРО 2020, Патрик Шик, стана миленик на женската публика поради својот изглед, што воопшто не е чудно, бидејќи 25-годишниот напаѓач на Баер Леверкузен (кој веќе има три гола на ЕП), за малку ќе ја следел кариерата на неговата сестра и ќе станел манекен.

Додека бил фудбалер на Спарта Прага, како тинејџер со Дејвид Бекам како идол, тој добил понуди да стане манекен, откако неговата сестра Кристина Шикова почнала да шета низ целиот свет со своите обврски.

Шик во 2016 година потпиша за Сампдорија, постигнувајќи 11 гола во 32 меча, и веднаш го предизвика вниманието на Јувентус, кои ја активираа клаузулата од 30 милиони евра во неговиот договор. Но, тој падна на два медицински теста, поради воспаление на срцето, по што два месеци подоцна беше позајмен во Рома, кои следната сезона го купија. И покрај ова, тој не се покажа во Серија А, по што замина во Бундеслигата, прво како позајмен фудбалер на Лајпциг, а потоа во Леверкузен.

 

Share
Scroll to Top