Големите воени вежби на Русија, во кои учествуваат 10.000 војници, започнаа во водите на Јапонското Море, на Сахалин и Курилските острови.
„На островите Сахалин, Итуруп и Кунашир, како и во водите на Јапонското Море, започна билатерална вежба со формации и воени единици на источниот воен окружен корпус, силите на Пацифичката флота. Вежбите се одржуваат под лично раководство на вршитеот на должноста командант на источно военот округ, генерал полполковник Сергеј Севрјуков“, се наведува во соопштението.
Според прес-службата, вежбите претставуваат една од фазите на проверка на оперативната и борбената подготовка на армијата во летниот период на обука. За време на маневарот, обучената армија ќе вежба како да се обезбеди воена безбедност на Русија на источните граници.
Појдовната точка на вежбите на Далечниот исток е дизајнирана така што во основа лежи конфронтацијата помеѓу двете коалиции на имагинарни држави.
„За време на реализацијата на практичните активности се планира поморско и тактичко слетување“, известува прес-службата.
Претходно, Министерството за одбрана на Русија објави дека воените бродови на Пацифичката флота на Русија, заедно со поморската авијација, изведоа вежби во централниот дел на Тихиот океан за прв пат во модерната историја.
Во исто време, порталот „Драјв“ напиша дека воените вежби на руската морнарица „недалеку од Хаваи“, за време на кои беше симулирано уништување на непријателски носачи на авиони, претставуваат невидена закана за САД.