(Видео) Објавен првиот трејлер за филмот за Меган и Хари

(Видео) Објавен првиот трејлер за филмот за Меган и Хари

пред 3 години

Вчера беше објавен првиот трејлер за филмот за Меган Маркл и принцот Хари. Телевизијата „Lifetime“ сними нов филм за поранешната кралска двојка, во кој се откриваат причините за нивното заминување од палатата и кралското семејство.

Актерката Сидни Мортон ќе ја глуми Меган, додека Џордан Дин е принцот Хари.

Во трејлерот е прикажан и дел од нивното интервју со Опра Винфри.

„Гледам како буквално те гонат до смрт, а јас сум немоќен да го спречам тоа“, ѝ вели Хари на Меган во трејлерот. „Не сите бајки имаат перфектен крај“, пишува на крајот.

Премиерата на филмот е планирана за оваа есен. Меган и Хари се венчаа во 2018 година. На почетокот од месецов, тие го добија второто дете, ќеркичката Лилибет Дијана Маунтбатен -Виндзор. Тие го имаат и двегодишниот Арчи.

Share
Scroll to Top