Австрискиот фудбалски репрезентативец Марко Арнаутовиќ е пред вратите на калчолигашот Болоња.
Искусниот фудбалер, кој доби суспензија од еден меч на ЕУРО 2020 поради навредите упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски на мечот Македонија – Австрија (1-3), според информациите на италијанските медиуми, ќе го засили нападот на екипата која ја предводи Србинот, Синиша Михајловиќ.
Арнаутовиќ, кој има српско потекло, од 2019 година го носи дресот на Шангај, а според наводите, Болоња му понудила тригодишен договор за годишна плата од 2,7 милиони евра.
Арнаутовиќ во сезоната 2009/2010 му беше соиграч на македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев во редовите на милански Интер (беше на позајмица од Твенте), каде сезоната ја освои тројната круна со „Нероазурите“.
Во кариерата уште има настапувано и за Вердер, Стоук и Вест Хем.