Јувентус тргна по хит играчот на ЕУРО 2020

Јувентус тргна по хит играчот на ЕУРО 2020

пред 3 години

Најбараниот играч на италијанската фудбалска репрезентација е 23-годишниот играч на Сасуоло Мануел Локатели.

Фудбалерот кој игра одлично во средниот ред на „Азурите“ ја помина младинската школа на Милан, настапи на 63 меча за „Росонерите“, па во 2018 година премина во Сасуоло каде е стандарден првотимец.

За Италија дебитираше минатата година и досега има 12 настапи со 3 пстигнати погодоци.
Во групната фаза на ЕУРО 2020 беше стартер на првите два натпревари, а во мечот со Швајцарија во Рим постигна 2 гола.

На третиот меч со Велс селекторот Манчини реши да го одмора.

Неговиот договор со Сасуоло истекува во 2023 година, а италијанскиот стручњак за трансфери, Џанлука Ди Марцио објави дека Јувентус веќе започнал преговори за да го доведе во Торино.

Сасуоло во моментов бара 40 милиони евра за играчот, но најверојатно тој ќе премине во „црно-белиот“ тим на двегодишна позајмица со обврска откуп на договорот.

Share
Scroll to Top