(Видео) Голман откако прими гол, се преправаше дека е мртов

(Видео) Голман откако прими гол, се преправаше дека е мртов

пред 3 години

Голманот на Венецуела, Вилкер Фаринез, откако прими гол на мечот против Перу, се преправаше дека е мртов. Тој за момент остана да лежи на гол линијата, а потоа стана и почна да ги бодри своите соиграчи да играат подобро.

Венецуела се прости од Копа Америка, по четирите натпревари и освоените два бода. Таа се најде на последното место во групата Б. Во првото коло беше победена од Бразил со 3:0, а потоа одигра нерешено со Колумбија и Еквадор.

Share
Scroll to Top