Барса му го раскина договорот на Матеуш Фернандеш по само 17 минути игра!

Барса му го раскина договорот на Матеуш Фернандеш по само 17 минути игра!

пред 3 години

Бразилскиот фудбалер од средниот ред, Матеуш Фернандеш, е ослободен од договорот со Барселона, откако одигра само 17 минути за каталонскиот гигант, во бизарен развој на настаните.

Бразилецот пристигна на „Ноу Камп“ во јануари 2020, откако заврши неговата позајмица во Реал Валјадолид и имаше договор до 2025, но откако влезе во игра на само еден меч од Лигата на шампионите од клупа, сега е слободен играч.

„Барселона го информираше бразилскиот фудбалер Матеуш Фернандеш дека на клубот веќе не се потребни неговите услуги и го прекина договорот кој го имаше до јуни 2025“, се вели во објавата на Барселона.

Матеуш настапи на мечот против Динамо Киев на 24 ноември 2020 година, откако беше купен за 7 милиони евра од Палмеираш.

Share
Scroll to Top