Чорба од цвекло и морков за јакнење имунитет

Чорба од цвекло и морков за јакнење имунитет

пред 3 години

Цвеклото е зеленчук кое во суштина би требало да биде сместено во основната исхрана кај секој кој сака да го зацврсти имунитетот и да ја поврати снагата. Сепак, останува прашањето како да ја подготвите за биде вкусно и лесно за варење, бидејќи ако ја јадете пресна, тоа може да поттикне запек.

Еве како да подготвите чорба со цвекло кое е совршено нутритивно, вкусно и здраво.

Состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 500 гр. морков
  • 500 гр. цвекло
  • 1 црвен кромид
  • 1,7 л. вода
  • 1 кисела јаболка (или компир, целер, пашканат)
  • 1 лажичка сол
  • Мелен бибер
  • 3 цм. корен од ѓумбир или ½ лажички ѓумбир во прав
  • Сок од половина лимон

Подготовка

На оган со маслиново масло испржете ситно исечкан лук во подлабоко тенџере. За тоа време излупете го морковот и исечкајте го на коцки, а потоа и цвеклото. Должината на готвење зависи од тоа колку е крупно исечен зеленчукот. Пржете го неколку минути морковот и цвеклото со лук со повремено мешање.

Потоа сипете топла вода и намалете ја температурата, во чорбата додадете ѝ исечкано јаболко или компир и ѓумбир доколку го користите свеж. Оставете ја да се вари околу 30 минути додека зеленчукот не се свари, а потоа тргнете ја од оган.

Изладете го малку зеленчукот пред да го ставите во блендер. Изблендирајте ја масата и вратете ја во тенџерето. Потоа зачинете со сол, бибер, лимонов сок (и ѓумбир во прав). Потоа послужете ја топла, иако и кога е ладна е одлична.

Share
Scroll to Top