Џејмс Франко им плати 2 милиона долари на жените што го тужеа за сексуална злоупотреба

Џејмс Франко им плати 2 милиона долари на жените што го тужеа за сексуална злоупотреба

пред 3 години

Актерот Џејмс Франко постигна спогодба со двете жените што го тужеа за сексуална злоупотреба и се согласи да им исплати 2,2 милиона долари за да ја повлечат тужбата. Франко го тужеа две поранешни студентки во неговата академија за глума, Сара Титер-Каплан и Тони Гал, за несоодветно однесување и сексуална експлоатација.

Академијата „Плејхаус вест студио 4“ беше отворена во 2014 година, но затворена три години подоцна. Сара и Тони покренаа тужба против глумецот во судот во Лос Анџелес во 2019 година. Тие ги обвинија Франко и неговите партнери за „сексуализирање на нивната моќ како учители и вработувачи и за да им дадат улога ги уценувале сексуално“.

Иако Франко минатата година тврдеше дека двете студентки биле „гладни за внимание“ и дека изнеле лажни обвинувања за да добијат публицитет, сега се согласи за спогодба со нив.

Според „Холивуд репортер“, откако Франко се согласил да плати за решавање на тужбата, договорот е доставен до судија во Лос Анџелес кој треба да го одобри.

Share
Scroll to Top