Амбер Херд стана мајка од сурогат жена по разводот од Џони Деп

пред 3 години

Актерката Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп, објави дека станала мајка. Таа вели дека бебето го добила преку жена сурогат и тоа го направила под нејзини услови, па сега е самохран родител.

„Запозајте ја Уна Пејџ која се роди на 8 април. Сега ценам колку е радикално за нас како жени да размислуваме за еден од најосновните делови од нашите животи на овој начин. Се надевам дека ќе дојдеме до точка кога ќе биде нормално да не сакаме прстен за да имаме креветче. Уна е почеток на остатокот од мојот живот“, стои во објавата на ѕвездата на „Аквамен“.

Таа вели и дека пред неколку години дознала дека не може да роди бебе, а бидејќи сакала да стане мајка, решила тоа да го направи со сурогат.

Херд од 2015 до 2017 беше во брак со Џони Деп. По разводот таа го тужеше Деп за семејно насилство, а тој ја тужеше неа дека го малтретирала.

Share
Scroll to Top