Фијаско на играчите на Реал на ЕУРО 2020

Фијаско на играчите на Реал на ЕУРО 2020

пред 3 години

Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, нема да има свој претставник во полу-финалето на Европското првенство.

Шпанија во составот нема ниту еден играч на „кралскиот клуб“, а синоќа испаднаа и последните двајца претставници на Реал, Белгијците Тибо Куртоа и Еден Азар.

Претходно во осмина-финалето, турнирот заврши за Рафаел Варан и Карим Бензема од Франција, Тони Крос од Германија, Лука Модриќ од Хрватска, односно Гарет Бејл од Велс и Давид Алаба од Австрија, кој пре почетокот на ЕП пристигна во Реал.

Денес на програмата се последните четврт-финални натпревари, меѓутоа во редовите на Англија, Украина, Данска и Чешка нема фудбалери на Реал.

Share
Scroll to Top