Две лица се пронајдени мртви, а се трага по 20 исчезнати откако утринава дојде до лизгање на земјиште во крајбрежен град југозападно од Токио.
Лизгањето на земјиштете во градот Атами беше предизвикано од силното невреме и дождот кои го зафатија регионот.
Полицијата и пожарникарите трагаат по исчезнатите. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како река кал ги носи куќите и како луѓето бегаат во паника од природната катастрофа.
Врнежите кои го поплавиле градот го надминале просечното ниво за јули за префектурата Шизоука, каде се наоѓа Атами.