Федерер осцилираше но го победи Камерон Нори

Федерер осцилираше но го победи Камерон Нори

пред 3 години

Роџер Федерер избори пласман во осмина-финалето на Вимблдон. Швајцарецот, во третото коло, го победи Камерон Нори со 3:1 (6:4, 6:4, 5:7, 6:4). Мечот траеше два часа и 36 минити.

Федерер, со оваа победа постави нов рекорд. Тој 69.пат ќе игра осмина-финале на Гренд слем турнирите.

Ветеранот, во првите два сета ја искористи импресионираноста на Нори и со по еден брејк, стигна до 2:0.

Нори, во третиот сет, успеа да го искористи падот во играта на Федерер, спаси сет топка, а потоа со брејк во 12.гем, намали на 2:1.

Во четвртиот сет, Федерер направи брејк во петтиот гем, иако Нори потоа го врати брејкот, Федерер во финишот уште еднаш му го одзеде сервисот на Британецот што му беше довлно за конечен триумф.

Федерер во осмина-финалето ќе игра против Фуркач.

Share
Scroll to Top