ДОМ на локалните избори ќе настапи во коалиција со граѓански активисти

пред 4 години

Зелената партија ДОМ на денешната седница на Централниот одбор донесе одлука на претстојните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција со партии од центарот и граѓански активисти.

Подготовките за локалните избори продолжуваат со соработка со партии со сродни програмски приоритети и со граѓански активисти.

„Граѓанските коалиции се успешен модел на креирање квалитетни локални политики, социо-економски развој и подобра иднина на граѓаните. Зелениот бран пристигнува во нашата држава, ДОМ работи заедно со граѓаните, за нивниот глас да биде чуен“, велат од политичката партија.

Централниот одбор за шеф на Централниот изборен штаб го избра Дарко Кржовски, а за негов заменик е избран Огнен Апостолски.