Киеза: Ќе се обидеме да му донесеме малку радост на Спинацола

Киеза: Ќе се обидеме да му донесеме малку радост на Спинацола

пред 3 години

Федерико Киеза, младиот фудбалер на Јувентус, кој е еден од најдобрите во италијанската репрезентација на ЕУРО 2020, вели дека сите во тимот ќе се обидат да ја победат Шпанија во полуфиналето за да му донесат малку радост на Леонардо Спинацола.

Бекот на Рома, Спинацола, доби сериозна повреда на ахиловата петица на мечот против Белгија, и Киеза вели дека нема да биде лесно без него.

„Многу ми е жал за Спина, бидејќи имаше фантастично Еуро. Тој е клучен играч за нас, се чувствуваме како браќа и никогаш не е убаво кога некој толку блиску ќе го загубиш. Ќе ни недостасува многу, но сега мора да размислува само на опоравувањето. Ние ќе се погрижиме да му дадеме малку радост тука“, вели Киеза.

Киеза влезе во фудбалската историја против Австрија во осминафиналето, кога постигна гол на ЕУРО, 25 години по неговиот татко Енрико.

„Беше вистинска чест да се носи презимето високо во европскиот и светски фудбал. Горд сум што сум син на мојот татко и мојата мајка. Ова само ми покажа колку голем фудбалер бил мојот татко, бидејќи сега знам колку е тешко да се даде гол на големите натпреварувања“, додава Киеза.

Share
Scroll to Top