Најновите информации велат дека гејмерите ќе ја почекаат играта Grand Theft Auto 6 до 2025 година.
Познатиот јутубер Том Хендерсон претходно навести дека играта GTA 6 веројатно ќе се појави на пазарот во 2025 година и дека нејзината приказна ќе биде сместена во модерна рекреација на Вајс Сити. Според него, мапата ќе се развива и менува, исто како што мапата на Fortnite се менува за време на нови сезони или настани.
Тврдењата на Хендерсон ги поддржуваат изјавите на новинарот на Bloomberg, Џејсон Шрејер, кој изјави дека GTA 6 е сè уште во рана фаза на развој и ќе има мапа што ќе се развива и проширува. Тоа значи дека гејмерите ќе мора да чекаат уште четири години за GTA 6, што не е добра вест за нив.
Rockstar моментално работи на верзијата GTA 5: Enhanced Edition за PlayStation 5 и Xbox Series X, која се очекува да излезе на 11 ноември 2021 година. Remaster носи неколку новини, а гејмерите ќе ја добијат GTA Online бесплатно до февруари 2022 година.
GTA 5 се продаде во 130 милиони примероци откако се појави пред седум години, и сѐ уште е на врвот на листата на бестселери и покрај староста. GTA 5 првпат се појави на PlayStation 3 и Xbox 360 во 2013 година, на PlayStation 4 и Xbox One пристигна во 2014 година, а на компјутер во 2015 година.
Извор: Klix.ba