Полска може да има околу 15.000 инфекции на ден ако мал број луѓе се вакцинираат против Ковид-19 пред потенцијалниот четврти бран на коронавирус на есен, предупреди министерот за здравство.
Во Полска моментално има околу сто нови случаи на ден и сè уште не е забележан пораст на бројот на заразени поврзани со делта-сојот на коронавирус.
Но, министерот за здравство Адам Ниџиелски предупредува дека Полска, земја во која се укинати скоро сите ограничувања и луѓето уживаат во релативно безгрижно лето, може да има околу 15.000 инфекции на ден на есен. Затоа тој го повика населението да се вакцинира.
„Повеќето прогнози укажуваат на фактот дека при преминот од септември до октомври или ноември ќе треба да се справиме со уште еден бран и треба да го разгледаме ова како најверојатно сценарио“, рече Ниџиелски.
Со голема стапка на вакцинација, бројот може да остане од 1.000 до 2.000 заразени лица на ден, додаде тој.
Според написите во медиумите, Полска, земја со околу 38 милиони жители, досега целосно вакцинираше нешто повеќе од 14 милиони луѓе.