Пентагон го откажа проектот JEDI вреден 10 милијарди долари со Microsoft склучен во време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Во исто време, беше објавено дека ќе биде потпишан нов договор во врска со таа зделка, кој може да го вклучи Amazon, најголемиот ривал на Microsoft.
Акциите на Microsoft изгубија повеќе од 0,5 проценти по тие информации, додека вредноста на акциите на Amazon порасна за четири проценти.
Пентагон соопшти дека Amazon и Microsoft се единствените компании што можат да ги исполнат потребните критериуми, но потоа на прес-конференцијата беше речено дека ќе контактираат со други потенцијални партнери во следните три месеци.
Меѓу нив се Oracle, Alphabet, Google и IBM.
Договорот беше дел од пошироката дигитална модернизација на Пентагон. Зделката беше доделена на Microsoft во 2019 година, на што Amazon реагираше со тужба во која тврди дека одлуката за партнерот на Пентагон во тој проект е донесена благодарение на несоодветното влијание на поранешниот претседател Трамп.