Гламур во Кан: Црвен тепих и журки без ограничувања на Филмскиот фестивал

пред 3 години

Со дефиле на големите холивудски ѕвезди и гламурозни креации на црвениот килим, вчеравечер се одржа свеченото отворање 74. Кански филмски фестивал. Овогодишното издание се одржува на ист начин како пред почетокот на пандемијата со коронавирусот, со филмски проекции со публика, црвен тепих, забави за филмските работници и гостите на фестивалот.

„Сакаме да веруваме дека ситуацијата во светот се враќа во нормала, па затоа фестивалот што толку многу го сакаме и во кој вложуваме со години, ќе се одржи како пред пандемијата“, рекоа организаторите.

Фестивалот во Кан е еден од најпрестижните на светот. Годинава го отворија режисерите Бонг Џун-хо, Спајк Ли и Џоди Фостер и Педро Алмодовар, а Фостер доби награда за животно дело.

Жените ќе бидат побројни од мажите во жирито на Канскиот филмски фестивал оваа година. Пет жени ќе го сочинуваат панелот од девет членови: француската актерка Мелани Лорен, американската актерка Меги Гиленхал, филмските режисерки Џесика Хауснер и Мати Диоп, и пејачката Милен Фармер.

На фестивалот за Златната палма ќе се натпреваруваат 24 филма, а ќе бидат прикажани повеќе од 60 филмови.

Канскиот фестивал, што обично се одржува во мај, беше преместен во јули поради корона-пандемијата. Во Кан нема полициски час, ниту ограничувања за бројот луѓе во киносалите, но носењето маска останува задолжително во затворените простории.

Share
Scroll to Top