post-image

Почина Џиван Гаспаријан, ерменскиот виртуоз познат и по музиката во „Гладијатор“

пред 3 години

Ерменскиот композитор и музичар, Џиван Гаспаријан, кој е познат и како Господар на дудукот, почина на 92 години. Тој важеше за виртуозен изведувач на ерменската фолклорна музика, но  изведуваше  и разни музикчки жанрови. Гаспаријан соработуваше со истакнати музичари и оркестри како Стинг,  Брајан Ино, Лајонел Ричи,  Питер Габриел, Ханс Цимер , како и Филхармонијата на Лос Анџелес.

Работеше и на музика на филмови, меѓу кои: „Гладијатор“, „Сиријана“, „Крвав дијамант“.

Гаспаријан има освоено четири медали на светските натпревари на УНЕСКО, а исто така е прогласен и  Народен уметник на Ерменија. Бил и професор на Државниот музички конзерваториум во Ереван.

Во 2010 настапи на Евровизија во Осло. Два пати има гостувано и во Македонија.

Share
Scroll to Top