Средовечен маж на улица во Скопје вршел полови дејствија пред деца

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно 60-годишен маж осомничен за кривично дело задоволување на полови страсти пред друг.

„Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“, во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Јавен обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.

„Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор“, оцени надлежниот јавен обвинител.

Share
Scroll to Top