Група од 37 американски адвокати од САД поднесе тужба против Google, тврдејќи дека инсталирањето на Android во мобилни уреди ја ограничува конкуренцијата и ги крши законите за еднаква конкуренција.
Групата, предводена од јавниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс, тврди дека Google на корисниците на уреди со вграден Android, им ја ускратува конкуренцијата која би можела да резултира со побогат избор и пониски цени за мобилните апликации и да поттикне иновации.
Google исто така е обвинет дека од програмерите барал при продажба на дигитална содржина преку апликации купени преку Google Play Store, да користат Google Billing, принудувајќи ги потрошувачите да плаќаат бесконечна провизија до 30 проценти.
„Google е порта кон Интернет многу години, а од неодамна стана порта за нашите дигитални уреди – што резултира во тоа сите да мораме да плаќаме повисоки цени за софтверот што го користиме секој ден“, рече Џејмс.
„Уште еднаш, имаме можност да сведочиме како Google користи доминантна позиција за нелегално задушување на конкуренцијата и заработка на милијарди“, додаде таа.
Стотици милиони корисници на Android се принудени да купуваат апликации исклучиво преку Google, предупреди државниот обвинител во Њујорк.
„Најлошо е што Google им го одзема животот на милиони мали бизниси кои сакаат само да се натпреваруваат. Ние ја поднесуваме оваа тужба за да ставиме крај на нелегалното монополско влијание на Google и конечно да им дадеме глас на милиони потрошувачи и сопственици на деловни активности”, заклучи Џејмс.
Групата побара од судот да престане со незаконското однесување на Google и да воспостави конкуренција.
Покрај казните, државите бараа и компензација за потрошувачите и враќање на неправилно стекнатите профити.