Милан има нов напаѓач

Милан има нов напаѓач

пред 3 години

Францускиот репрезентативец Оливие Жиру кариерата ќе ја продолжи во Милан. Според медиумите, наскоро Милан и Челси ќе го официјализираат трансферот.

Жиру, во Милан доаѓа без обесштетување, а со клубот од „Сан Сиро“, ќе потпише двегодишен договор.

Напаѓачот, неодамна потпиша нов договор со Челси, но двете страни имале џентлменски договор, дека доколку добие интересна понуда, ќе може без обесштетување да го напушти клубот.

Жиру, дресот на Челси го носеше од јануари 2018 година. За „сините“, настапи на 119 натпревари, постигна 39 голови и забележа 19 асистенции.

Претходно бил играч на Арсенал, Монпелје, Турс, Гренобл и Истр.

Share
Scroll to Top