Контроверзниот Австралиец, Ник Кирјос, го откажа учеството на Олимписките игри во Токио. Немал предизвик да игра пред празни трибини.
„Сакам да ве известам дека решив да се откажам од настапот на ОИ. Не беше лесно да ја донесам оваа одлука. Мојот сон е да ја претставувам Австралија на ОИ и знам дека постои можност повеќе никогаш да не ми се укаже таква шанса. Но се познавам и себе си. Помислата дека играм пред празен стадион, не е тоа за мене. Исто така не сакам да му го земам местото на некој здрав Ози, кој е подготвен да ја претставува земјата“, напишал Кирјос во својата порака.
Од познатите имиња, пред Кирјос, настапот во Токио го откажаа Рафаел Надал и Доминик Тим.