Ковид тестовите на децата од Гевгелија се негативни

пред 3 години

Ковид тестовите на децата од Гевгелија се негативни, во моментов се спроведуваат и серолошки тестови за евентуално присуство на антитела, информира министрот за здравство, Венко Филипче.

Екипата од Универзитетската детска клиника од Скопје продолжува со анализите преку земање на цел респираторен панел. Според Филип,е анализите прецизно ќе покажат за каков тип на инфекција станува збор по што ќе јавноста ќе биде информирана.

„Првичните претпоставки се дека една од можните причини за ваквите манифестации кои инаку се карактеристични за зимските и есенските месеци, е намалениот имунитет кај нив заради тоа што подолго време биле целосно изолирани и заштитени од вируси додека на сила беа ковид мерките“, рече министерот.

Изминатиов месец во болницата во Гевгелија лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.

Share
Scroll to Top