Навивачите на „Хајдук“ од Сплит, почнаа масовно да се вакцинираат откако кажаа дека се отвораат вратите на стадионот „Пољуд“, за публика.
На стадионот ќе можат да влезат само со потврди за вакцинација или негативен тест. За да не плаќаат за тестови навивачи изминативе денови во пунктовите за вакцинација бараат да се вакцинираат и тоа со вакцината „Џонсон и Џонсон“, за која е доволна само една доза, пренесува Слободна Далмација.
Еден член навивачката група „Торцида“ раскажал дека веќе 40 навивачи се вакцинирале. “Можеби оние што се двоумеле дали да се вакцинираат сега побрзале тоа да го направат затоа што после 10 месеци конечно може да се оди на стадион“, вели тој.
Првиот натпревар на „Хајдук“ на стадионот „Пољуд“ е на 22 јули против тимот од Казахстан -„Тобол“.