Казни за 253 возачи во Скопје, 73 возеле над дозволената брзина

пред 3 години

По засилените полициски контроли во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 253 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 73 санкции, за возење под дејство на алкохол 63, 18 прекршоци што направиле возачите на мотоцикли, 23 за возење без возачка дозвола.

Од МВР соопштија дека биле изречени и пет санкции за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, 12 за возач почетник, 29 казни за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и порачуваат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.

Share
Scroll to Top