Стопанската комора потпиша Меморандум за соработка со Стопанска комора на Приморска Словенија

пред 3 години

Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Приморска Словенија со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави со акцент на секторите земјоделство, туризам, логистка и медицина.

„ Во изминатите години успешни мултинационални компании основани во Копер, а со своја дејност регистрирани и во Македонија активно работат во областите на транспорт, логистика и медицина. Успешната соработка со Стопанската комора на Приморска Словенија денес ја формализираме со договор“, изјави претседателот на Сојузот на стопанска комора Данела Арсовска.

Таа додаде дека деловните субјекти од нашата држава веќе имаа развиена соработка со своите словенечки партнери која има потенцијал да се прошири и продлабочи со интензивирање на коморската соработка.

„ Во Словенија се работи многу на развој на еколошкиот туризам, исто така имаме и високо квалитетни земјоделски производи и маслиново масло. Простор за соработка гледаме и во секторот на автоматизација и дигитализација, а нашето искуство во преговорите со ЕУ исто така може да биде корисно со почнување на претпристапните преговори за членство на вашата земја“, изјави Роберт Ракар, извршен директор на Стопанска комора на Приморска Словенија.

Share
Scroll to Top