Пелистер ќе биде исфрлен од Првата лига?

Пелистер ќе биде исфрлен од Првата лига?

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Пелистер се соочува со големи проблеми пред почетокот на новата сезона. Поради лошата финансиска ситуација, клубот во овој момент има само тројца играчи под договор.

Клубот од Битола, доби ултиматум од Фудбалската федерација на Македонија, најдоцна до 15.јули, да има под договор најмалку 12 фудбалери, во спротивно клубот ќе биде префрлен во Втората лига-Запад.

Доколку се случи ова, а познавачите на приликите се сигурни дека Пелистер нема да може да состави екипа, тогаш за местото на Битолчани ќе конкурираат: Охрид, клуб кој испадна во баражот за пополнување на Првата лига, односно Силекс и Вардар.

Фото/facebook.com/FK-Pelister-Bitola

Share
Scroll to Top