Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Ирена Мишева на денешната седница на Советот на Град Скопје зборуваше за одлуката со која градот сака да им додели 38 милиони денари на здруженија на граѓани за зелен кров.
„ Дали стопанствениците на дуќани во трговскиот центар „Мавровка“ ќе учествуваат со свои средства во реализација на овој проект или Градот Скопје е толку богат што ќе донира?!”, праша Мишева.
Координаторката се осврна на приоритетите на Градот Скопје кои не се реализирани и укажа дека со оваа предлог одлука се креира пракса дека сите трговски центри преку здруженија на граѓани може да аплицираат и да добијат средства за оваа намена.