Слави Трифунов со тесно водство пред Борисов на пребројани 98,92 отсто од гласовите

пред 5 години

На пребројани 98,92 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, „Има таков народ“ предводена од телевизискиот шоумен Слави Трифунов е во тесно водство пред партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, покажуваат резултатите на ЦИК.

Тоа значи дека разликата меѓу нив е само 5.908 гласа.

Трета е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 13,51 отсто, а четврта е „Демократска Бугарија со 12,56 проценти од гласовите.

Претходно денеска Слави Трифонов во видео обраќање најави дека ќе формира експертска влада, без да фигурира во неа и без да коалицира со ниту една партија. За премиер го предложи економистот Николај Василев.

 

Share
Scroll to Top