Бајрон Скот „ги помеша брзините“: Југославија и Русија може да ги изненадат САД

Бајрон Скот „ги помеша брзините“: Југославија и Русија може да ги изненадат САД

пред 3 години

Легендарниот кошаркар, а подоцна и тренер на ЛА Лејкерс – Бајрон Скот ја прокоментира селекцијата на САД која ќе настапи на ОИ во Токио ова лето.

„Франција има добар тим. Југославија секогаш е добра, како и Русија. Секогаш има некое изненадување, можеби оваа година тоа ќе е Кина“ изјави Скот заборавајќи дека Југославија одамна не постои, а Србија не се квалификуваше на ОИ.

Да биде иронијата уште поголема, на Олимпијадата во Јапонија не се пласираа ниту Русија, ниту Кина.

За играта на „дрим-тимот“ на САД во подготвителниот период Скот не е премногу загрижен.

„Поразот од Нигерија е веројатно најголемиот неуспех во историјата на селекцијата на САД, меѓутоа не сум загрижен. Почеток е на подготовките и нашата селекција е најголемиот фаворит за првото место. Селекторот Грег Поповиќ ќе ги доведе во ред работите“ рече Скот кој за утеха не го погреши името на американскиот селектор.

Share
Scroll to Top