Иако полека спласнуваат возбудувањата во англиската јавност по пропуштената можност да се крене шампионскиот пехар на ЕУРО2020, сепак се уште се чини се бараат одговорите зошто селекторот Герет Саутгејт во последната пенал-серија против Италија му ја даде довербата на 19-годишниот Букајо Сака, наместо на поискусните Рахим Стерлин и Џек Грилиш.
„Дејли меил“ денеска презентираше текст кој открива што всушност се случувало на клупата на „Гордиот Албион“ откако по 120 минути на „Вембли“ резултатот беше 1:1.
Селекторот Саутгејт изведувачите ги одбирал така што неговиот помошник Стив Холанд ги забележувал резултатите од пенал – тренинзите уште од септември минатата година и на младиот Сака имал најдобар резултат.
Останатите фудбалери не знаеле дека селекторот и помошниците водат таква статистика и биле шокирани кога Сака се нашол како петти изведувач на списокот. Очигледно дека тренинг – статистиката го изневери Гаутгејт, а товарот на финале на ЕП беше преголем за младата надеж на Арсенал.
Португалскиот стратег Жозе Мурињо ден по финалето изнесе информација, дека еден од репрезентативците одбил да шутира пенал.
„Сака ја имаше судбината на целата држава на грб и мислам дека во такви моменти тоа е премногу за еден тинејџер. Сепак, не знам дали вината треба да оди за Саутгејт затоа што често се случува играчите кои би требало да се тука во најтешките моменти, да побегнат од одговорност“ вели Португалецот.