Тим од стручни лица, што ги удреди УЕФА, ги избра најдобрите 11 фудбалери на Европското првенство. Во идеалниот тим има петмина Италијанци, а за изненадување беше тоа што во овој тим ги немаше најдобрите стрелци на Европското, Кристијано Роналдо и Патрик Шик.
Во идеалниот тим се голманот Џанлуиџи Донарума од Италија. Во одбраната се Кајл Вокер од Англија, Леонардо Бонучи од Италија, Хари Мегваер од Англија и Леонардо Спинацола од Италија.
Во средниот ред играа Пјер-Емил Хејбјерг од Данска, Жоржињо од Италија и Педри од Шпанија, а во нападот избрани се Федерико Кјеза од Италија, Ромелу Лукаку од Белгија и Рахим Стерлинг од Англија.
Во тимот експерти, кој беше одреден од УЕФА, беа: Патрик Бонер, Естебан Камбијасо, Фабио Капело, Космин Контра, Корин Диакр, Жан-Франсоа Домерк, Душан Фитцел, Штефен Фројнд, Франс Хук, Аитор Каранка, Роби Кин, Хинес Мелендес, Дејвид Мојс, Мика Паателаинен, Петер Рудбек и Вили Рутенштајнер.