Љубојна со концерт во Битола ќе одбележи 20 години кариера

Љубојна со концерт во Битола ќе одбележи 20 години кариера

пред 3 години

Македонскиот бенд Љубојна ќе го одбележи 20 години кариера со концерт во Битола. Концертот насловен „Љубојна и пријателите“ ќе се одржи на 20 јули на ракометното игралиште Битола, од 21 часот. Љубојна најавија многу забава, познати хитови и гости кои публиката ги сака, а често се дел од нивните концерти.

Билетите за јубилејниот концерт на Љубојна се веќе во продажба, по цена од 300 денари.

Организаторите на концертот, велат дека ќе се почитуваат сите протоколи и мерки пропишани од Министерството за здравство, а за организирање јавни настани во време на корона.

Share
Scroll to Top