(Видео) Невреме предизвика хаос во Германија: има загинати и десетици исчезнати

пред 3 години

Големо невреме предизвика хаос во Германија.

Во местото Шулд во Рајнланд-Пфалц поради поплави се урнале шест куќи, во Арвајлер луѓето се спасувани од покривите, загинаа четири лица, како и двајца пожарникари, пренесе Дојче веле.

Невремето и обилните дождови посебно ги погодија покраините Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, но и Баден Виртемберг, Баварија и Саксонија.

Според последните информации, од поплавите се заканува уривање на дваесеттина куќи, а наместа водата е стигната до покривите.

Околу 30 лица се водат за исчезнати.

Share
Scroll to Top