Кога позираат за на Инстаграм, се фотографираат речиси голи, во бикини кои повеќе сокрива отколку што открива. Кога се навистина на плажа, носат дводелни и едноделни костими за капење, кои одговараат на нивните години, и тело.
Нивниот костим за капење имаат многу модни детали, но се примерни за на плажа и луѓето околу нив. Инстаграм е едно, а реалниот живот е нешто сосема друго.
Погледнете што носат на плажа светските ѕвезди.
Емили Ратајковски
Младата и витка Емили носи дводелен костим, со интересен горен дел, со карнери во јарка боја.
Хејли Бибер
Таа е модел, исто така млада и витка, сопруга на една од најголемите светски ѕвезди. Хејли на летување често го носи ова зелено бикини, кое го истакнува нејзиното атрактивно тело, но е доста пристојно, не откривајќи го она што не би требало.

Ким Кардашијан
Најпознатата старлета на светот често ги истакнува своите облини, понекогаш и непристојно. Сепак, во реалниот живот, иако носи бикини кое ги истакнува нејзините облини, сè си е на свое место.

Никол Шерзингер
Бикини со интересен дезен кој совршено ѝ прилега на витката пејачка, и повторно, сè си е на свое место.

Сара Сампајо
Португалската манекенка носи двонеделен костим за капење со цветен дезен. Нејзиниот костим за капење не е ни класично бикини, позатворен е, а на оваа фотографија направена на летување, Сара изгледа баш како и секоја нормална жена од нашето опкружување.

Ева Лонгорија
Познатата актерка, која важи за една од најубавите жени во светот, на одмор носеше тегет дводелен костим за капење, баш како што ѝ прилега на една жена од 46 години која ја задржала својата витка линија – не открива премногу, но не го ни намалува нејзиниот сјаен изглед.

Бела Торн
Американската глумица, модел и пејачка на одмор уживаше во едноделен црвен костим. Оваа 23-годишна девојка секако носи и бикини, но знае дека некогаш е најпријатно во едноставен едноделен костим за потполно уживање.

Хелен Кристенсен
Една од манекенките од „златната генерација“ и понатаму изгледа како модел, во својата 52 година. Во едноделен црн костим, малку провокативно деколте, но доста затворен долен дел, како да нè потсеќа на старото правило за атрактивност: деколте и мини-здолниште не одат заедно, или едно или друго.







