Федерер на аукција собрал четири милиони евра

Федерер на аукција собрал четири милиони евра

пред 3 години

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер, на аукција собрал речиси четири милиони евра. На аукцијата, во организација на „Кристи“, Федерер понудил дела од својата облека и опрема.

Целиот приход од аукцијата ќе оди во фондацијата „Роџер Федерер“, која финансира образовни проекти за деца во Јужна Африка и Швајцарија.

Од аукцијата биле собрани 3,98 милиони евра, односно четири пати повеќе од планираното. Аукцијата се одвивала во две фази, во живо на 23.јуни и на интернет од 23.јуни до 14.јули.

Меѓу бројните сувенири биле и рекетот со кој Федерер победил на Вимблдон во 2007 година и патиките кои Швајцарецот ги носел во финалето во 2009 година, кога го освоил Ролан Гарос.

Најголема цена постигнале три рекети, кои Федерер ги користел на Вилблдон во 2019 година. Тие биле продаден за 170.000 евра.

Колекцијата на Роџер Федерер е најголема колекција на спортски сувенири, што некогаш ја направил еден сопственик, објави „Кристи“.

Share
Scroll to Top